Cooper & Hunter е официјален спонзор на Светското првенство во хокеј 2017, Прва дивизија – Група А, што ќе се одржи во Киев, Украина.
Светското првенство во хокеј, обединува преку спортот различни земји и промовира здрав животен стил. Брзина и моќ, доверливост и цврстина, мраз и свежина, жешки емоции и топла атмосфера – сите овие карактеристики се заеднички за хокејот и брендот Cooper & Hunter и неговите производи.
Украина е домаќин на 2017 Светско првенство во хокеј, коешто ќе започне на 22ри Април. Хокеарски тимови од Прва дивизија – Група А ќе се соочат во Спортската Палата во Киев, Украина. Турнирот ќе биде најголемиот меѓународен спортски настан одржан во Украина оваа година, со 60.000 гледачи на 15 натпревари за време на 6 денови. Како официјален спонзор, Cooper & Hunter ќе биде присутен за време на целото првенство. Шесте тимови кои ќе се натпреваруваат во Киев се Австрија, Унгарија, Казахстан, Полска, Јужна Кореа и домаќинот Украина. Само 2 тима ќе бидат промовирани во главната фаза на првенството.
Cooper&Hunter е брзо-растечка компанија со силно присуство на брендот во повеќе од 30 земји, вклучувајќи и 4 од учениците на првенството, и има милиони обожаватели на хокејот и Cooper&Hunter насекаде во светот. Претставува огромна чест за Cooper&Hunter да поддржува спортски настан од ваква големина и важност како што е Светското првенство во хокеј 2017. Ова партнерство претставува важно достигнување за Cooper&Hunter во континуалното залагање да придонесува за развивање на спортот на светско ниво.
Cooper&Hunter е исто така, вклучен во развојот и на останати спортови. Во последните неколку години, Cooper&Hunter ja продолж својата посветеност на спортовите, како што е женскиот кошаркарски тим Kouvottaret од Финска и Martignano Triathlon Cross Country 2016 во Италија.
Cooper&Hunter пожелува одлични натпревари на учесниците и незаборавни моменти за навивачите!