ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2021 година од Град Скопје

Одлична вест за сите оние коишто планираат да го заменат постоечкиот неефикасен начин на греење со инсталирање на високо ефикасни инвертер клима уреди. Имено од неодамна е објавен јавен повик од страна на Град Скопје за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2021 година. Целта е да се стимулираат граѓаните/домаќинствата на Град Скопје за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови од причина што се поекономични, енергетски поефикасни и поприфатливи за околината.

Жителите кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред во 2021 година, Град Скопје ќе им ги надомести трошоците направени при набавка на уредот не повеќе од 62.000,00 денари во нето износ по домаќинство. Персоналниот данок ќе биде на товар на Град Скопје. Јавниот повик ќе трае заклучно 01.11.2021 или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат, кои имаат техничка можност за приклучување кон системот за централно греење и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот

Услови коишто треба да се исполнат се барателот:

–   да има живеалиште на подрачјето на град Скопје (општините: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај),

 – домаќинството да нема искористено субвенции за затоплување (печки на пелети/инвертери) на своето домаќинство од Градот Скопје;

 – да е корисник на печка/и на јаглен, дрва, нафта или мазут,

 – да ја предаде постојната печка/и на јаглен, дрва, нафта или мазут на Град Скопје или на службите на јавните претпријатија на Град Скопје. Барателите кои ги исполниле условите, дополнително по електронски пат ќе бидат известени од страна на комисијата за местото и времето за предавање на печките.

– набавениот уред да биде купен во 2021-та година се до завршување на Јавниот повик, истиот да биде исплатен во целост и да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот. Доколку уредот е купен на рати, истиот да биде купен во 2021 година и ратите да бидат исплатени во целост до денот на аплицирање;

– набавениот уред задолжително да ги има најмалку следните карактеристики: да има најмалку COP 3.5, да грее на надворешна температура од -15°C и биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење;

 – станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;

– да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи, и

 – да нема техничка можност за приклучок на системот за централно греење.

За сите информации за услови за пријавување и начинот на кој ќе тече постапката посетете ја страната на Град Скопје или кликнете на линкот во продолжение за да ве однесе директно до јавниот повик – https://skopje.gov.mk/media/6734/javen-povik-za-subvencii-za-inverter-klima-uredi-2021.pdf

А ние во продолжение ви имаме спремено неколку предлози за инвертер клима уреди коишто вчегуваат во предвидената рамка и се одлично енергетски ефикасно решение за загревање на вашиот дом.

  1. Arctic Inverter series е модел на високо ефикасна и економична инвертер топлинска пумпа во сплит систем изведба којшто е специјално конструиран за континуирано греење на екстремно ниски температури. Опсегот на работа е од -25 °C до +48 °C со класа А++ на ладење и А+++ на греење. Дополнително има бројни функции коишто ја надополнуваат ефикасноста на овој инвертер клима уред како вградена Wi-Fi конекција и управување, I FEEL функција, PLAZMA филтер, заштита од замрзнување на просторот, интелегентен дефрост, CH 7-SKY напреден систем на филтрација,  I-Action технологија за мирна и стабилна работа на ултра ниски фреквенции, ниско ниво на бучава. Гаранцијата е безусловна и изнесува 3 години. Кликнете тука за директен линк до достапните клима уреди од овој модел.
  2. Consol Inverter series е модел инвертер топлинска пумпа во конзолна/парапетна изведба. Одличен избор е за загревање на домаќинства коишто живеат во куќа, затоа што овој тип на изведба овозможува циркулација на топлиот воздух во долна и горна зона со што обезбедувате рамномерен распоред на топлината во просторијата. Опсегот на работа е од -25 ˚C до +43 ˚C. Дополнително има бројни функции коишто ја надополнуваат ефикасноста на овој инвертер клима уред како вградена Wi-Fi конекција и управување, I FEEL функција, PLAZMA филтер, филтер за прашина, заштита од замрзнување на просторот, интелегентен дефрост, можност за насочување на кондиционираниот воздух надолу или нагоре. Гаранцијата е безусловна и изнесува 3 години. Кликнете тука за директен линк до достапните клима уреди од овој модел.
  3. Veritas Inverter Series е квалитетна инвертер топлинска пумпа во сплит изведба. Опсегот на работа е од -15 °C до +48 °C со класа А++ на ладење и А++ на греење. Дополнително има бројни функции коишто ја надополнуваат ефикасноста на овој инвертер клима уред како вградена Wi-Fi конекција и управување, I FEEL функција, PLAZMA филтер, заштита од замрзнување на просторот, интелегентен дефрост, CH 7-SKY напреден систем на филтрација (антибактериски филтер, филтер со сребрени јони, танин филтер богат со антиоксиданси, хитин филтер за микроорганизми, антиформаделхид филтер, витамин Ц филтер – го обогатува воздухот со Ц витамин, фотокаталитик филтер – деконтаминација на воздухот),  I-Action технологија за мирна и стабилна работа на ултра ниски фреквенции, ниско ниво на бучава. Гаранцијата е безусловна и изнесува 3 години. Кликнете тука за директен линк до достапните клима уреди од овој модел.
Категории BLOG
%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close