За Cooper & Hunter

Трговската марка (C&H) Cooper & Hunter е сопственост на COOPER AND HUNTER INTERNATIONAL CORPORATION. Во 2003 година започнува со производство на широка палета на клима уреди: сплит системи, мулти-сплит системи, VRV, сплит топлински пумпи, рекуператори…

Трите принципи на кои се заснова американскиот бренд Cooper & Hunter се:

  1. Модерна иновативна технологија
  2. Висок квалитет и
  3. Разумни цени.

Со искуство од преку 20 години во областа на климатизација, Cooper & Hunter прерасна во водечки бренд на светскиот пазар. Производите од брендот Cooper&Hunter се извезуваат во повеќе од 30 земји и региони во светот, постанувајќи добро познат брзорастечки бренд, со континуирано освојување на нови пазари ширум светот. Cooper & Hunter е најпродаван докажан бренд во Северна Америка, Канада и Северна Европа.

Тимот за истражување и развој продолжува да создава нови производи, кои соодветствуваат на највисоките стандарди за квалитет, обезбедувајќи доверливи, енергетски-ефикасни и исплатливи решенија за климатизација. При имплементирањето на иновациите, предвид се земаат потребите на потрошувачите и идните инженерски трендови. При создавање на производите, најактуелните ергономски дизајни се комбинираат со комфор и висококвалитетна модерна технологија.

Во Cooper&Hunter фокусот се става на постојано подобрување на квалитетот на производите и обезбедување врвна услуга. Врвен приоритет е квалитетот на производите, за што се развиен посебни програми: “Стратегијата на совршен производ” и “Глобална контрола на квалитетот”.

COOPER & HUNTER компанијата е вклучена во рангирањето на FAB-50 Forbes (извонредни компании во Азија и Пацификот) за висококвалитетни производи.

Технолошките решенија на центарот за истажување го добиваат статусот “World Advanced Level” и “World TOP Level” од страна на Асоцијацијата на професионални експерти во областа на HVAC опрема.

Постојат повеќе од 300 лаборатории за испитување на квалитетот.

3000 патенти.

C&H производите поседуваат сертификација за животна средина OHSAS18000 – за гаранција за безбедност и чиста животна средина.

Вкупниот производен капацитет изнесува 60 милиони единици: 20 категории, 400 серии, 7 илјади модели.

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close