Инвертерите на C&H се високотехнолошки системи управувани од најнова генерација микропроцесори базирани на уникатна технологија. Тоа значи дека компресорот кога е постигната бараната температура, работи на ултра ниска фреквенција од 1Hz, со потрошувачка од само 40 W/h, така што се заштедува енергија до 40%, и се продолжува векот на клима уредот, бидејќи не се прави често вклучување и исклучување на компресорот.
Процесорот за DC инвертерот е специјално дизајниран за Cooper & Hunter од страна на американски производител, има поголема прецизност во пресметките, така што овозможува ефикасна, стабилна и прецизна работа на компресорот, обезбедувајќи поголем комфор на корисникот.
Технологија за активна адаптација на работниот напон
Оваа технолoгија овозможува широк напонски опсег на работа на компресорот од 150-260 V, елиминирајќи ударни напонски оптоварувања, и овозможувајќи стабилност и заштита, со што се продолжува животниот век на клима уредот.
Интелегентна контрола на бучавата
Врз основа на принципите на аеродинамичност и акустика, инвертерската технологија прави анализа на бучавата и ефективно ја намалува, обезбедувајќи тивка работа на клима уредот.
Доверлива технологија
Квалитетот на клима уредите е приоритет во Cooper & Hunter. Затоа имаат развиено посебни програми за контрола на квалитетот во сите фази на производството, како и тестирање на клима уредите пред пуштање во продажба.
Прецизна контрола на температурата
Температурата се одржува во точност од 0,1°С
Технологија за корекција на факторот на моќност
Инвертерската технологија има напредна корекција на факторот на моќност, којшто достигнува 99% (кај останатите брендови достигнува само 80-90%). Затоа има мало влијание на мрежното напојување и овозможува ефикасен пренос на електрична енергија.
TURBO режим на работа
Овозможува брзо ладење/греење за постигнување на бараната температура.
COLD PLASMA филтрација
Активно ги уништува бактериите и вирусите; ја елиминира потребата од дополнителни видови на филтрација, ги конвертира сите радикали во водата и воздухот; формира силен, насочен волуменски проток на наелектризирани честички и слободни електрони, така што го опфаќа целокупниот волумен на просторијата (без употреба на вентилаторот на внатрешната единица); ги собира прашината, никотинот, поленот и други честици и недозволува нивно насобирање на таванот и ѕидовите.
Принципот на Cold Plasma филтрите се заснова на интеракцијата помеѓу повеќе електромагнетни патишта, конструктивна комбинација којашто дава хидроксид јон (HO2-) или хидроксид плазма. Оваа активна честичка прави реакција со протеинската мембрана од бактерии, вируси и ги уништува формирајќи вода. Слично, структурата разлоожува хемиски соединенија (толуен, ацетилалдехид, формалдехид), како и мириси и алергени.
NANO-TITANIUM CATALYST ANTICHEMICAL FILTER
Овој филтер спречува и отстранува штетни хемиски соединанија и дејствува како пречистувач на мириси и гасови, исто така ги уништува и бактериите. Цврстиот катализатор, титаниум диоксид, добиен како нано честици, има силно оксидирачко својство. Штетните хемиски соединенија (формалдехид, амонијак, хидроген сулфид, итн.) изложени на светлина брзо се разградуваат во безопасни соединенија. Филтерот може да се реупотребува по регененерирање преку изложување на директна светлина. Исто така, филтерот нема штетни влијанија врз животната средина.
CATECHIN AIR-FILTER
Catechin е природна супстанца, која содржи чајни лливчиња со антибактериско дејство. Ова е посебна C&H технологија, којашто значително ја зголемува ефикасноста на чистење на површината на филтерот. Го спречува развивањето на бактериите и ги уништува канцерогените супстанци, како стафилокока, стрептокока, салмонела и други, со ефикасност од 95%.
АНТИБАКТЕРИСКИ ФИЛТЕР
Антибактерискиот слој помага во уништувањето на бактериите, вирусите, стафилококата, габите и го спречува размножувањето на овие микроорганизми на филтерот. Филтерот со кружна структура може да задржи микроскопски честици со големина од 0.1 микрон, а степенот на пречистување е 95%.
КАРБОНСКИ ФИЛТЕР ПРОТИВ НЕПРИЈАТНИ МИРИСИ
Овој филтер е направен од активен јаглен со микро-клеточна структура, којшто апсорбира штетни гасови како амонијак и хидроген сулфид, но и непријатни мириси. Филтерот има високо-апсорбирачко својство и брзо дејствува.
ELECTRET филтер за прашина
Филтерот се прави од полимер на перманентен магнет и ги задржува и најситните честички на прашина и чад. Електретот е диелектричен материјал, којшто долго време ја задржува поларизираната состојба по надворешното влијание, коешто го довело до состојба на поларизација и создало квазиконстантно електрично поле.
Филтерот ефективно го спречува продирањето на мали честици прашина, штетници, чадот од цигарите, животински влакна и други микроскопски честици кои предизвикуваат алергиски реакции кај луѓето. Филтерот не бара честа замена, дејството на електретот трае и до 5 години.